Дарко Мицевски слави титула во Летонија

Македонскиот интернационалец Дарко Мицевски, денеска ја освои титулата со неговиот тим РФС во Летонија. Мицевски кој на почетокот на оваа година стигна во летонскиот шампионат, успеа со тимот да ја освои првата титула во историјата на Летонија.  Со денешниот триумф, РФС упеа да стигне до титулата со скор од 20 победи, шест ремија и два порази со гол разлика 65:22.

Со тоа тимот на Мицевски идната сезона ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите. За РФС одигра 15 натпревари, во кои постигна три гола, и забележа една асистенција.

Претходно популарниот „Панта“ го освои и Купот на Летонија.

Мицевски во минатото играше за Вардар, Минск, Тетекс, Нови Пазар, ОФК Белград, Работнички и Слобода Ужице. За националниот тим на Македонија играше два пати.

Се вчитува...