Дарко Ранготов ја заврши репрезентативната кариера

Членот на футсал репрезентацијата на Македонија, воедно и капитен на селекцијата Дарко Ранготов ја заврши својата богата репрезентативна кариера. Ранготов, кој во минатото играше голем фудбал, за после да се ориентира на малиот фудбал, настапуваше за македонската селекција во последните 16 години, а последен меч му беше во неделата против Шведска во победата од 3-1, а Ранготов постигна два гола за водство од 2-0 на нашата репрезентација.

Ранготов играше голем фудбал во Борец Велес и Цементарница, а потоа се одлучи да продолжи во малиот фудбал. Во моментов е дел од КМФ Проект од Велес.

„Се што е убаво има крај. После 16 години поминати во репрезентацијата на Македонија исполнети со премногу желба за победа , страст , тага , радост дојде време за разделба. Македонскиот футсал има иднина има потенцијал, време е за нешто ново. Бројките нека зборуваат за мене, а јас ќе бидам најголемиот навивач на оваа репрезентација која заслужува респект. Македонија во срце“, напиша Ранготов на социјалните мрежи.

Се вчитува...