Дарко Велковски го одработи целиот тренинг на „Олд Трафорд“, во комбинација за настап (ФОТО)

ЕКИПА во Манчестер,

Владимир Булатовиќ

Еден од најстандардните македонски репрезентативци изминативе години, Дарко Велковски го одработи целиот тренинг на „Олд Трафорд“ во Манчестер пред утрешниот натпревар со Англија во квалификациите за ЕП 2024.

Велковски поради болест не беше во комбинација за мечот со Украина, имаше проблеми и деновиве потоа, но денеска се појави на тренингот во Манчестер максимално одработувајќи ги своите задачи.

Познато е дека во одбраната, селекторот Боби Милевски нема да може да смета на суспендираниот Висар Муслиу, кој поради црвен картон заработен на натпреварот со Украина ќе мора да паузира. Од централните дефанзивци на располагање се уште Ѓоко Зајков, Јован Манев и Никола Серафимов.

Се вчитува...