Дарко Велковски ќе игра Лига Европа со Ријека, елиминација на Николов, Муслиу и Крсте Велкоски

Дарко Велковски обезбеди место во групната фаза од Лигата на Европа откако во плеј-оф рундата со својата Ријека славеа со 0-1 на гостувањето против Копенхаген.

Хрватите до победата дојдоа со автоголот на Анкерсен во 20. минута од средбата.

FC København 0-1 Rijeka – Peter Ankersen own goal 20′ (hilarious goal) from r/soccer

Велковски го одигра целиот натпревар во одбраната на Ријека, за која не настапи, како што е познато поради повреда, младинскиот репрезентативец Милан Ристовски.

Пласман во групите од Лигата на Европа не обезбедија Бобан Николов и Висар Муслиу со унгарски Мол Фехервар кој со 3-1 загуби на гостувањето од Стандард во Белгија, и покрај тоа што имаше водство од 0-1 на полувремето. Николов и Муслиу ги одиграа сите 90 минути во унгарскиот состав.

Нема да има настап во Лигата на Европа и за Крсте Велкоски кој со Сараево загуби на домашен терен од шкотски Селтик со 0-1. Велкоски ги одигра последните пет минути за шампионот на БиХ.

Пред елиминација се и поранешните вардарци, Филип Најдовски и Кристијан Тошевски кои со Тирана на 20 минути пред крајот имаат негатива од 3-0 против швајцарски Јанг Бојс.

Се вчитува...