Дарко Велковски повторно со повреда: Отпаѓа за Полска и за Австрија!?

Токму пред јунските квалификациски натпревари на репрезентацијата против Полска и против Австрија, дефанзивецот Дарко Велковски по речиси два месеци пауза место враќање на терените, со нова повреда.

Велковски поради повреда надвор од терените беше од 2. април, за да сега конечно беше најавен за натпреварот на Ријека на гостувањето против Славен Белупо во последното коло од шампионатот на Хрватска. Но, непосредно пред стартот на мечот, обновувајќи ја повредата на загревањето, принудно повторно заменет.

На натпреварот кој заврши без победник (1-1) 80 минути играше младиот македонски офанзивец Милан Ристовски.

Како што информираат од клубот, наредниве денови треба да има нови детални прегледи за Дарко Велковски, но веќе се навестува дека нема да може да биде на располагање на селекторот Игор Ангеловски за дуелите со Полска и со Австрија.

Се вчитува...