Дарко Велковски повторно во тимот на колото во Романија (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски се враќа во добро препознатливата своја форма по трансферот во еден од најславните романски клубови Динамо Букурешт.

Велковски повторно се најде во тимот на колото во романската Суперлига, по ремито без голови на Динамо Букурешт на гостувањето против Поли Јаши.

Македонскиот дефанзивец беше најдобриот во својот тим, цврсто држејќи ја комплетната одбрана, еден од најзаслужните за натпреварот без примен гол на својот тим.

Се вчитува...