Дарко Велковски пред трансфер вреден 800.000 евра?!

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски се подготвува да ги смени клупските бои во текот на летово, а најсериозен интерес за неговите услуги моментно доаѓа од грчкиот гигант Панатинаикос. „Зелените“ се предводени од Иван Јовановиќ, а токму српскиот тренер е тој што инсистира на доведувањето на Велковски како главно засилување за одбранбената линија за наредната сезон.

ПАО сака трансферот да го финишира пред почетокот на ЕВРО 2020, во страв дека Македонецот би можел да го привлече вниманието на нови клубови кои би ги замрсиле сметките на грчкиот гигант. Поради ова, клубот од Атина подготвил 800.000 евра, сума што Грците сметаат дека ќе биде сосема доволна за да се убеди Ријека да даде зелено светло за трансфер.

Договорот меѓу Велковски и Ријека истекува на крајот од месецов, но хрватскиот клуб има клаузула со која може да активира автоматско продолжување за една година, по што ќе може да заработи значителна сума од продажбата на македонскиот репрезентативец.

Панатинаикос пред Велковски покажа интерес и за уште еден македонски репрезентативец, напаѓачот Иван Тричковски.

Се вчитува...