Дармштад го изненади Келн, го победи на негов терен со 0-2, и го повлече со себе во второлигашката конкуренција во Бундеслигата. Дармштад допатува во Келн како последнопласиран тим со никакви шанси да се спаси, но успеа да го совлада директниот ривлал, и да го остави на 22 бодови, односно четири помалку од Мајнц, кој има и меч помалку.
Лајпциг ја продолжи трката за Лигата на шампионите идната сезона. Тимот на Елмас на гости го совлада Хаденхајм со 1-2, а македонскиот интернационалец играше во последните 11 минути. Лајпциг дојде до водство преку Шешко во 42. минута. Доведан во 69. минута израмни, а во 85. минута Опенда му донесе голем триумф на гостинскиот тим.
Најитнересно беше во Хофенхајм, каде домашниот тим го совлада тимот на Борусија Менхенгладбах со 4-3. Вергорст во 36. минута донесе водство, Хак израмни само три минути подоцна. Промел и Кабак му донесоа на Хофенхајм предност од 3-1. И кога се чинеше дека ќе дојдат до победа, гостите се вратија со два гола и израмнија на 3-3, меѓутоа во судиското надополнување Стах ја донесе победата за домашниот тим.
Волфсбург со минимални 1-0 го совлада составот на Бохум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА