Се спомнуваше враќање во Европа и нова соработка со Мохамед Салах, но од тоа нема да излезе ништо. Кариерата на Дарвин Нуњез продолжува во Саудиска Арабија, каде што ќе настапува за Ал-Дирија.
Трабзонспор се спомнуваше како една од опциите, но Нуњез останува во Саудиска Арабија и заминува на позајмица во Ал-Дирија. Договорот не вклучува опција за откуп, а Ал-Дирија ќе ја преземе целосната исплата на неговата плата.
Минатата сезона, Нуњез постигна само девет гола на 24 натпревари за Ал-Хилал. Ова е негова втора сезона по ред со помалку од десет погодоци. Претходно, додека настапуваше за Алмерија, Бенфика и Ливерпул, пет сезони по ред постигнуваше двоцифрен број голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
