Дашмир Елези: Ова е остварување на сонот, дебито и голот се само дополнителен мотив

Дашмир Елези на најдобар можен начин го потврди својот огромен талент со погодок во дерби-пресметката на Шкендија против Шкупи, при дебито во црвено-црниот дрес.

Со само 16 години и еден ден македонскиот младински репрезентативец Елези се запиша во клупската историја на Шкендија но и македонскиот фудбал како најмлад стрелец на прволигашки натпревар, што е остварување на неговиот сон.

„Ова е остваруање на мојот сон. Со нетрпение го чекав дебито во дресот на Шкендија на официјален натпревар и сега немам зборови со кои би го опишал чувството по вчерашниот натпревар. Досега играв само на пријателски натпревари, но ова беше посебен момент за мене. Не можам да верувам дека сето тоа го заокружив и со гол. Ова достигнување не е само мое лично, туку и на сите кои веруваа и работеа со мене, како и на моите соиграчи“ – вели Елези, во изјавата за официјалниот клупски сајт на Шкендија.

Се вчитува...