Датоме: Антиќ стана познат само затоа што ме шишаше

Перо Антиќ имаше прекрасно враќање назад во Истанбул, го прими шампионскиот прстен за успехот во Евролигата, но на теренот со својата Црвена звезда претрпе убедлив пораз од Фенербахче.

„Очекував некаква реакција од публиката, но ова беше премногу… Навистина прекрасно, благодарност до сите“ – порача Антиќ по натпреварот.

Перо го продолжи и „пецкањето“ со Џиџи Датоме, кому пред почетокот му порача да внимава на брадата, откако претходно му ја ишиша косата по финалето на Евролигата.

Датоме е многу послаб играч откако си заминав. А и беше поубав со долга коса“ – со насмевка коментираше Антиќ.

Овојпат италијанскиот ас не му остана должен на Македонецот.

Не знам зошто луѓето се собраа во толкав број. Перо Антиќ отсекогаш бил слаб кошаркар, стана познат само затоа што ме шишаше на терен“ – возврати Џиџи Датоме.

„Битката“ на Антиќ и на Датоме беше интересна и на самиот терен, откако нашиот интернационалец постигна тројка преку големиот пријател, а потоа го „погали“ за брадата.

Се вчитува...