Даци не престанува – нови два гола за победа со пресврт на Вестерло со Мускрон

Поранешниот македонски младински репрезентативец Ердон Даци, постигна нови два гола во белгиската втора лига, со кои неговиот тим Вестерло триумфираше на домашен терен со Мускрон и тоа со пресврт во вториот дел.

Тимот на Вестерло имаше негатива од 0-2 како домаќин, но во вториот дел се разбудија домашните. Најпрво во 56. минута намалување, а потоа во 58. минута Даци израмни. Вестерло дојде и до предност, за потоа Даци да постигне гол за убедливи 4-2. Во финишот Мускрон само успеа да ублажи.

Пред последниот свиреж, Даци доби и жолт картон. Тој со овие два гола сега има осум погодоци во Белгија, и супер старт за Вестерло, кој е на чело на табелата на патот кон „елитата“. Даци на почетокот на сезоната дојде во Вестерло од Коњаспор, и има одличен старт на сезоната, што е одлична препорака за селекторот Милевски пред бараж дуелот со Италија во март идната година.

Се вчитува...