ДАЦИ „РЕШЕТА“ ВО БЕЛГИЈА: Со два прекрасни гола ја „скина“ мрежата на противникот (ВИДЕО)

Вчера со два гола во мрежата на Мускрон, Ердон Даци беше еден од творците на победата на Вестерло од 4:3, и на пресвртот во вториот дел. Но, двата гола беа „кој од кој“ поубав.

Првиот со силен волеј удар ја „закова“ топката во горниот десен агол од голот на противникот за 2-2. Потоа Даци погоди и за 2-4, речиси на идентичен начин, откако топката се одби и од пречката.

Со овие два гола, Даци дојде до бројката осум во белгиската втора лига, а Вестерло е на врвот на табелата, со најреални шанси да обезбеди пласман во најдобрата белгиска фудбалска лига.

Се вчитува...