Давид Алаба на лето доаѓа во Торино

Италијанскиот првак Јувентус уште еднаш докажува дека е „мајстор“ за ангажман на одлични фудбалери кои доаѓаат во Торино како слободни агенти. „Старата дама“ го договорила ангажманот на Давид Алаба од Баерн Минхен, тврдат италијанските медиуми повикувајќи се на извори блиски до австрискиот репрезентативец..

Алаба имаше несогласувања со раководството на Баерн Минхен околу продолжувањето на договорот кој му истекува на крајот на сезоната, побара 20 милиони евра годишна плата за да остане на „Алијанц арена“, а спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ му одговори дека е „паднат од Марс“.

Во играта влезе Јувентус и како по обичај успеа да го договори неговото доаѓање во Торино како слободен агент. Дел од медиумите тврдат дека трансферот во Јуве е завршена работа, но тој договор би можел да биде потпишан дури од 1 јануари, доволно време за Реал Мадрид, Барселона и ПСЖ да се вмешаат во трката за ангажман на одличниот фудбалер.

Се вчитува...