Давид Бабунски потпиша за Ботошани

Поранешниот македонски репрезентативец и член на „евроската генерација од Полска“, Давид Бабунски, се врати во Европа и потпиша договор со романскиот клуб Ботошани. По три години во Јапонија, каде настапуваше за второлигашот Омија и за Јокохама Маринос, се враќа на Стариот континент.

Бабунски претходно беше член и на Црвена Звезда, а ги мина младинските категории на Барселона.

Давид Бабунски во Ботошани ќе му се придружи на Стефан Ашковски, кој сезонава има постигнато пет гола за романскиот клуб кој е третопласиран на табелата, зад Клуж и зад Крајова.

Се вчитува...