Давид Бабунски се раздели со Јокохама маринос

Македонскиот интернационалец Давид Бабунски по взаемен договор ја прекина соработката со јапонскиот суперлигаш Јокохама Маринос.

Јокохама ова лето го договори Бразилецот Тиаго Мартинс кој беше шестти странец во редовите на јапонскиот тим. А, со оглед на правилото за само пет странци по клуб во јапонскиот шампионат одлуката падна да се ослободи Бабунски кој последниот период и онака не беше во плановите на тренерот на Јокохама.

„Жал ми е што заминувам од клубот на овој начин, но сакам да се заблагодарам што добив шанса да играм во мојата омилена Јапонија. Беше огромно задоволство да се биде дел од Јокохама, и затоа искажувам голема благодарност до соиграчите, тренерите и сите вработени во клубот и до сите навивачи за поддршката која ја добивав за цело време. И посакувам на Јокохама многу успеси во иднина“ – вели во својата изјава Бабунски по објавата за раскин на договорот со Јокохама маринос.

Според најавите, се очекува Бабунски и натаму кариерата да ја продолжи во Јапонија иако како варијанта е и враќање на европско тло.

Се вчитува...