Давид Де Хеа гледа кон Париз, ПСЖ ќе му ги исполни сите желби

Манчестер Јунајтед ќе мора да го продава Давид Де Хеа откако Шпанецот ја одбил последната и најдобра понуда на клубот за продолжување на договорот. Шпанецот бара 350.000 неделна плата како клучна точка во преговорите за да остане во Манчестер.

Најзаинтересираниот клуб за него, Пари Сен Жермен е подготвен да му ја исполни оваа желба и затоа голманот кој има уште една година договор на „Олд Трафорд“ е на излезна врата. Позицијата на Јунајтед е незавидна затоа што ако не го продаде сега, Де Хеа следното лето кога ќе му истече договорот ќе си замине како слободен играч. ПСЖ планира да понуди 60 милиони фунти за трансферот.

Де Хеа беше избиран за играч на сезоната во Манчестер Јунајтед во четири од последните шест сезони  и неговото евентуално заминување ќе биде голем удар за плановите на Оле Гунар Солскјер за рекомпонирање на составот за следната сезона.

Се вчитува...