Давид Дејвис ја открива тајната на шпанските тренери

ЕКИПА во Келн,

Катерина Павлова Николовска

Сите четири екипи кои се дел од Ф4 турнирот во Келн имаат шпански преднодници. Речиси никој од нив нема суштинско објаснување за успехот на тренерите од оваа земја во европскиот ракомет. Предводникот на Вардар, Роберто Парондо резултатите ги објаснува со напорната раобта.

„ Работиме секој ден, немам проблем ако треба да работам 10 часа во еден ден и тоа веројатно е најголемата тајна“ – вели Парондо.

Давид Дејвис пак има подетално објаснување.

„Сакаме да раобтиме и мораме да мислиме многу на тактиката затоа што таков прфилот на играчите ов Шпанија. Ниен не сме како Србија сите да се два метри и да шутираат од далеку. Мора да мислиме  и многу, многу да работиме“ – вели тренерот кој беше дел и од жескиот и од машкиот тим на Вардар.

Роберто Парондо и Давид Дејвис би можеле да се соочат во финалето ако Вардар ја мине Барселона, а Веспрем го победи Киелце.

Се вчитува...