Давид Дејвис се враќа назад во Вардар?!

Шпанскиот стратег Давид Дејвис е најновиот кандидат во трката за нов тренер на Вардар, откако „црвено-црните“ денеска ја прекинаа соработката со Веселин Вујовиќ.

„Вардарци“ се во интензивна потрага по тренер , во игра за наследник на Вујовиќ се и Зорман и Голужа, за попладнево како опција да биде вклучен и Дејвис. Информацијата прв ја пренесе специјализираниот ракометен портал „Брз Центар“, кој тврди дека е постигнат договор со Дејвис, но тој ќе го преземе тимот во јануари, што значи дека „вардарци“ без перманентна замена за Вујовиќ ќе отпатуваат за Битола на големото дерби со Еурофарм Пелистер закажано за среда.

Последен ангажман на Дејвис беше на клупата на Веспрем, од каде Шпанецот си замина минатото лето. Доколку најавите се реализираат, Давид Дејвис ќе се врати нaзад во “црвено-црното семејство“, откако овој стратег беше дел од Вардар од 2014 до 2018 година, како помошник на Раул Гонзалес во машкиот тим и како шеф на стручниот штаб на женскиот тим на „црвено-црните“.

Се вчитува...