Давид Луиз: Ако останеше Конте, јас ќе си заминев од Челси

Бразилецот Давид Луиз мина низ тежок период на „Стемфорд бриџ“, но сега повторно е „жив“ под раководство на Маурицио Сари. Тој вели дека сигурно ќе си заминел од клубот доколку на клупата на Челси останеше Антонио Конте.

„Нема да кажам ништо ново, ако потврдам дека сигурно ќе си заминев од клубот ако не се случеше промена на менаџерската позиција. Со новиот шеф имам одлична соработка, и искрено за толку кус период научив многу работи што претходно не ги знаев“, изјави Давид Луиз.

Се вчитува...