Давид Луиз сака да остане во Челси бидејќи, како што вели, е „вљубен“ во фудбалската филозофијата на Маурицио Сари. Бразилскиот дефанзивец беше буквално прогонет од тимот на Антонио Конте, но сега гледа нова шанса за докажување на „Стемфорд Бриџ“. Тој ги отфрла шпекулациите за напуштање на англискиот премиерлигаш и вели оти има намера да освојува титули под водство на Сари.
31-годишниот Луиз се врати во Челси од Пари Сен Жермен во 2016 години, но во ерата на Конте имаше само десет настапи во Премиер-лигата. Лошата клупска сезона придонесе да не добие место во бразилската репрезентација за Светското првенство во Русија.
Давид Луиз беше во стартниот тим на Сари на двата претсезонски дуели на турнејата во Перт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА