Давид Оспина го напушта Арсенал 

Колумбискиот голман Давид Оспина (29) го напушта Арсенал и се сели во Турција. Со доаѓањето на Бернд Лено, Колумбиецот стана дури трет избор на голот на „тобџиите“ и реши да замине, а Арсенал не му правеше проблеми во преговорите со другите екипи.

По четири години поминати во Арсенал, 29-годишниот Оспина продолжува во редовите на турскиот Бешикташ. Договорот меѓу двете страни е постигнат и се чека само зелено светло од Арсенал.

Оспина во Арсенал дојде во 2014 година од Ница и во изминатите четири години запиша 70 настапи.

Се вчитува...