Давид Силва: Поминав низ пекол додека син ми беше во болница, а фудбалот ми беше единствена утеха

Шпанскиот интернационалец Давид Силва ја отвори душата и се потсети на најтешкиот дел од неговиот живот, во текот на минатата сезона. Неговиот син Матео, кој се роди предвреме како седуммесечно бебе, долг период беше во болница, а тој „не можеше ниту да јаде, ниту да спие“. Единствена утеха во тие моменти, како бегство од реалноста, ја имал во фудбалот.

„Искрено, поминав низ пекол, тоа на никого не би му го посакал. Мојот син беше во болница во Шпанија, беше кревко бебе кое се бореше за живот, а јас не можев ниту да јадам, ниту да спијам. За среќа, имав голема поддршка од соиграчите, како и од целиот клуб. Манчестер сити застана зад мене, ми даде целосна слобода, а јас се трудев да играм колку што бев способен. Во тие моменти, фудбалот ми беше можеби и единствена утеха, бегство од реалноста. Сакав да играм, но и не можев да се посветам целосно, затоа што мислите ми беа со семејството во Шпанија“, раскажа Давид Силва, во интервју за „Би-би-си“ со легендарниот англиски напаѓач, Гери Линекер.

Се вчитува...