Давид Силва стави крај на репрезентативната кариера

Фудбалерот за врска на Манчестер сити, Давид Силва, објави дека ја завршува својата репрезентативна кариера. По неуспехот на Шпанија на Мундијалот во Русија, прв се повлече Жерар Пике, а сега и давид Силва и кажува збогум на „црвената фурија“. Тој во изминатите 12 години го носеше националниот дрес, одигра 125 натпревари и постигна 35 гола за селекцијата на Шпанија.

„Го живеев сонот со настапите во репрезентацијата. Тие спомени ќе ми останат во вечно сеќавање. Благодарам за поддршката што ми ја дававте во изминатиот период“, изјави Давид Силва.

Тој заминува како четврти најдобар стрелец во историјата на фудбалската репрезентација на Шпанија. Пред него се само Фернандо Торес, Раул Гонзалес и Давид Вилја.

Се вчитува...