Давид Тошевски е нов фудбалер на белгиски прволигаш

Македонскиот фудбалски интернационалец Давид Тошевски е нов фудбалер на белгискиот прволигаш Дендер.

Тошевски стави потпис на двегодишна соработка со Дендер, со опција договорот да биде продолжен на уште една година. Дендер по девет одиграни меча во најсилната белгиска лига се наоѓа на дното на табелата со само три освоени бодови.

Македонскиот фудбалер во кариерата пред Дендер настапуваше и за екипите на Работнички, Ростов, Австрија Клагенфурт, Шибеник…

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FCV Dender EH (@fcdender)

Се вчитува...