Давид Тошевски ќе „брка“ трансфер во Шибеник

Екс фудбалерот на Ростов, Давид Тошевски е во потрага на нов трансфер. Екс фудбалерот на Работнички кој го направи еден од најскапите трансфери од ПМФЛ, сега е пред трансфер во хрватскиот тим Шибеник.

Според хрватските медиуми, Тошевски ќе замине на неколкудневна проба во оваа екипа, пред да се обиде да реализира нов интернационален предизвик.

22-годишниот Тошевски во 2020 година од Работнички замина во Ростов во трансфер вреден околу 1 милион евра. Но, малку играше во рускиот клуб, па така заминуваше на позајмици во Тамбов, потоа во Горник Забрзе и Михаловце од Словачка, пред да му биде раскинат договорот во септември.

Се вчитува...