Давид Тошевски привремено ќе ја прекине авантурата во Русија, откако не доби преголема шанса за докажување во редовите на Ростов. Рускиот клуб плати богатство за да го доведе 20-годишниот офанзивец на Работнички, но во ситуација кога Тошевски е на почеток на интернационалната кариера, Ростов планира да го испрати на позајмица за да се здобие со неопходното искуство.
Полскиот прволигаш Горњик Забрже е најзагреан за да го доведе Македонецот во своите редови, двата клуба се наоѓаат во интензивни преговори и се очекува Ростов да даде зелено светло за едногодишна позајмица.
Тошевски во новиот клуб за партнер би го имал германскиот ветеран Лукас Подолски, кој летово пристигна во Горњик од редовите на Анталијаспор. Подолски поради коронавирус ги пропушти последните средби на полскиот клуб, но се очекува тој да биде максимално подготвен за настап по репрезентатинвната пауза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА