Давид Тошевски нов член на словачки Земплин Михаловце

Македонскиот фудбалер Давид Тошевски, до крајот на годината ќе мине во словачки Земплин Михаловце. Откако Горник не сметаше на него и сакаше да го врати во Ростов, рускиот тим му најде нов клуб каде ќе оди на позајмица.

Словачкиот тим го чека жестока битка за опстанок во „елитата“ на Словачка. Во моментов екипата се наоѓа на 9. позиција на табелата со 23 освоени бодови.

Тошевски од Работнички замина во Ростов, но цело време е на позајмици. Најпрво беше во руски Тамбов, па во Полска во Горник Забрзе и сега во Словачка во Земплин, во потрага по поголема минутажа.

Тој е актуелен младински репрезентативец, за селекцијата до 21 година.

Се вчитува...