Давид Тошевски потпиша професионален договор со Работнички

Младиот фудбалер Давид Тошевски го потпиша првиот професионален договор со Работнички, објави клубот на официјалниот сајт. Тој цели 11 години е член на младинската школа на клубот, важи за еден од најталентираните напаѓачи во својата возраст во Македонија, ги мина сите национални селекции и на прагот на полнолетството доби и повик за настап во репрезентацијата до 21 година.

 

Тошевски е голема надеж на Работнички и на македонскиот фудбал. Во сезоната 2018/19 постигна 18 гола во кадетската Суперлига, а настапуваше и за младинскиот тим на Работнички. Неговиот талент сега ќе продолжи да се надградува и во сениорскиот состав, под раководство на новиот шеф на стручниот штаб Александар Влахо.

Се вчитува...