Давид Трезеге стана амбасадор на Јувентус

Италијанскиот шампион Јувентус се пофали со веста дека Давид Трезеге започна со работа во клубот. Поранешниот напаѓач на Јувентус со „старата дама“ потпиша тригодишен договор и ќе биде амбасадор на клубот.

Трезеге е странски фудбалер со најмногу трофеи во историјата на Јувентус.

„Давид Трезеге е вистински симбол на Јувентус. Така продолжува една историја која досега ни донесе толку многу радосни моменти. Во следните три години Давид ќе има задача да го претставува клубот од аспект на развојот на Јувентус на глобалниот пазар“ – соопштија од Јувентус на официјалниот клупски сајт.

Се вчитува...