Давидовски на 15. место, Иџе не ја заврши втората трка во Холандија

Виктор Давидовски го освои 15. место на втората трка што се возеше на патеката Асен во Холандија, во рамките од ТЦР шампионатот.

Македонскиот автомобилист стартуваше од последниот ред, но успеа да мине неколку ривали и на крајот стигна до 15. позиција.

За разлика од него, Игор Стефановски – Иџе не успеа да ја заврши трката. Тој веќе во првиот круг поради проблеми со возилото беше принуден да ја прекине трката.

Следната трка од ТЦР шампионатот ќе се вози на 23 септември на патеката Монца во Италија.

Се вчитува...