Давитков избра 14 кошаркари за Романија

Селекторот Јорданчо Давитков го објави скратениот список од 14 кошаркари на чии услуги ќе смета на подготовките во пресрет на квалификацискиот натпревар против Романија, закажан за 21 февруари во Плоешти. На списокот нема поголеми изненадувања, репрезентацијата е предводена од капитенот Војдан Стојановски, додека Ричард Хендрикс ќе го заземе местото на натурализиран играч откако против Косово настапи Шејн Витингтон.

СПИСОК НА КОШАРКАРИ

Војдан Стојановски
Дамјан Стојановски
Александар Костоски
Дарко Соколов
Бобан Стајиќ
Андреј Магдевски
Димитар Караџовски
Марко Симоновски
Стојан Ѓуроски
Бојан Трајковски
Љубомир Младеновски
Бојан Крстевски
Андреј Маслинко
Ричард Хендрикс

Првиот тренинг официјално е закажан за понеделник, во 10 часот наутро, но не се исклучува можноста со работа да се почне в сабота или недела, по откажаниот турнир од Купот на Македонија.

Се вчитува...