Давитков: Зарем има подмладување во репрезентацијата, Антиќ направи грешки во чекори…

Поранешниот македонски селектор Јорданчо Давитков го нападна раководството на КФСМ за неговата смена, особено по катастрофалниот старт на квалификациите за Евробаскет 2021 што нашиот национален тим ги имаше под водство на новиот кормилар Александар Тодоров. Според Давитков, претседателот Перо Антиќ направил неколку грешки по доаѓањето на чело на федерацијата.

„Од самиот почеток, новото раководство направи грешки во чекори, а потоа стануваа се подлабоки со доделување на функциите на останатите луѓе. Ние од самото дно стигнавме на чекор до ЕП, кошаркарите се прилагодија на мојот систем на работа, атмосферата беше одлична и имавме шанса да се реваншираме на Естонија за поразот во претходните квалификации“, истакна Давитков.

Иако директно не го спомена, екс-селекторот го „пецна“ и неговиот наследник Александар Тодоров и неговите најави за реванш и победа од 10 над поени во Талин.

„Факт е дека премногу наивно го загубивме тој меч од Естонија, а сега ми нема никаква смисла кога слушам како се најавува дека на гостински терен ќе ги победиме со двоцифрена разлика. Исто така, слушам и за некакво подмладување, но не знам за што се зборува бидејќи освен Јакимовски, сите кои играат сега играа икај мене. Ова е спорт и резултати или има, или воопшто нема, приказните за „чекање од неколку години“ едноставно не држат вода“, порача Давитков во изјава за ТВ Алфа.

Се вчитува...