Давитковски од Пролет, четврто засилување на Бутел

Бутел останува најактивен на почетокот од летово кога станува збор за ангажманот на нови ракометари откако скопскиот суперлигаш комплетираше уште еден трансфер. Нов член на Бутел од денеска е Кристијан Давитковски, 25-годишниот десен бек кој досега настапуваше за Пролет.

Давитковски е четвртото засилување на „бутелци“ за новата сезона, тргнувајќи по стапките на По Денис Тот, Градимир Чаневски и Саша Пулјизовиќ.

Решив да ја прифатам понудата на Бутел Скопје затоа што станува збор за амбициозен, перспективен клуб, со големи амбиции за играње во Европа следната сезона. Сметам дека можам да помогнам во остварувањето на тие амбиции. Поголемиот дел од играчите со кои ќе настапувам во Бутел Скопје ги знам и имам играно со нив во различни клубови, па нема да ми тешко да се адаптирам. Знам дека има одлична хемија и другарство во клубот“, истакна Давитковски.

Се вчитува...