Давор Шукер под истрага на ФИФА: Дали „дилал“ билети за СП во Русија!?

Откако во текот на вчерашниот ден Хрватскиот фудбалски сојуз беше под истрага на полицијата поради сознанија дека внатре од оваа институција се вршела нелегална препродажба на билети за СП во Русија, хрватските медиуми со информација дека цел на истрагата е и претседателот Давор Шукер.

Од хрватското обвинитиелство го испитуваат ХНС за наводна препродажба на пакет-билети кои биле наменети за семејствата на фудбалерите и на стручниот штаб од хрватската селекција, а всушност не стигнале до нив. Истрагата е покрената по допрен глас и тоа против првиот човек Давор Шукер. Според информациите, ХНС имал 700 билети само за финалето на СП во Русија, билети кои не биле на јавна продажба и биле наменети за „семејствата“.

Се започнало откако неколку хрватски репрезентативци информирале дека не ги добиле ветените 40 билети, колку што им следеле за секој меч, па потоа анонимно е алармирано хрватското обвинителство но и ФИФА. Давор Шукер, наводно, лично ги подигнал тие билети кои подоцна не стигнале до фудбалерите.

„Собираме информации за посочениот случај. Засега немаме друг коментар. Илегалната препродажба на билети се смета за сериозен проблем“ – информираат кратко и од ФИФА.

Претходно аферата „билети“ во Хрватска започна откако беше објавено дека најпознатиот хрватски коментатор Драго Ќосиќ препродавал билети за СП.

Се вчитува...