Давор Талески: Секој од нас во тимот да преземе одговорност, и со максимум на терен до дојдеме до победи до крајот на сезоната

Голманот на Шкендија, Давор Талески пред утрешниот дуел со Гостивар од 29. коло во Првата македонска фудбалска лига ги повикува своите соиграчи, но и самиот себе, да се преземе одговорност во овие решавачки моменти од сезоната, за да се даде максимумот на секој од преостанатите натпревари до крајот на сезоната.

Шкендија доживеа непосакуван пораз од Тиквеш во Кавадарци, па сега е јасно дека заостанува во трката за шампионската титула.

„Доживеавме незгоден пораз во Кавадарци, што мислам дека беше сосема незаслужено. Како и целата оваа пролетна полусезона, мислам дека во 90% од натпреварите доминираме на секој натпревар создаваме многу шанси, но таа спортска среќа досега ни го сврте грбот. Секако, и ние сме одговорни за ова и сега до крајот на првенството за жал ништо не зависи од нас. Но, наша одговорност и обврска е прво да преземеме одговорност пред самите себе и во овие последни натпревари да дадеме максимум. Иако не зависи се од нас, мораме да победиме на секој натпревар, без разлика дали играме добро или лошо, мора да ги освоиме трите бода за да останеме до крајот во борбата за титулата“ – вели Талески.

Што се однесува до утрешниот дуел со Гостивар…

„Секоја екипа оваа сезона е навистина квалитетна. Знаеме дека Гостивар навистина има квалитетни странски играчи. Ние ги почитуваме, но во Тетово нема да има почит кон никого. Мислам дека дефинитивно ќе дадеме 100% од нашите можности и заедно со нашите навивачи, се надевам дека ќе имаме поддршка до крајот на сезоната, ќе дојдеме до победата“ – истакнува чуварот на мрежата на Шкендија.

Се вчитува...