Де Бјаси си замина од клупата на Албанија

Селекторот на Албанија, Џани Де Бјаси, си поднесе оставка од кормилото на репрезентацијата на нашиот западен сосед. Тоа значи дека Албанците на гости на 5.септември ќе ни допатуваат со нов селектор на кормилото на националниот тим.

Италијанскиот стратег претходно најави дека ќе си замине од функцијата по завршувањето на овој квалификациски циклус, но денеска изненадувачки си поднесе неотповиклива оставка. Најверојатно има добра клупска понуда, откако бележеше одлични резултати со селекцијата на Албанија, која ја одведе и на ЕП 2016 во Франција.

На последниот меч како селектор на Албанија, Џани Де Бјаси, оствари триумф од 0-3 на гости против Израел.

„Мислев дека никогаш нема да го напишам ова писмо, поради убавите моменти што ги минав на клупата на Албанија. Но, сакам да информирам дека од денеска веќе не сум селектор на националниот тим. Имавме прекрасен европски сон, и мислам дека сега е време за нови соништа“, напиша меѓудругото Џани Де Бјаси во своето проштално писмо.

 

Се вчитува...