Де Бруин добива еден милион фунти месечно од Сити, за да потпише нов договор

Белгискиот интернационалец Кевин де Бруин ќе добие зголемување на годишната плата доколку се согласи да го продолжи договорот до 2023 година. Неговиот актуелен договор со „граѓаните“ истекува во 2021 година, но Пеп Гвардиола и раководството на клубот сака да го врзе за подолг период. Доколку се согласи на обновување на соработката, Кевин де Бруин ќе заработува по еден милион фунти месечно во редовите на Манчестер сити.

Ова е своевиден одговор на барањето на агентот на Белгиецот, кој истакна дека Кевин Де Бруин треба да заработува речиси идентично како Лионел Меси и Кристијано Роналдо во Барселона, односно во Реал Мадрид. Сепак, Манчестер сити нема толку многу да го одврзе ќесето, иако новата понуда е навистина многу вредна.

Се вчитува...