Де Бруине се враќа на терените против Барнли

Манчестер сити ќе биде значително засилен за претстојниот премиерлигашки дуел против Барнли, откако Кевин де Бруине ги надмина здравствените проблеми и ќе биде во комбианција за настап в сабота. Белгиецот е „во аут“ од самиот старт на сезоната откако заработи незгодна повреда на коленото, па иако беше прогнозирана пауза од најмалку три месеци тој за само шеесетина дена се рехабилитираше и му се стави на располагање на Пеп Гвардиола.

Извонредниот плејмејкер ја искористи репрезентативната пауза за тренинзи со оние играчи кои останаа во Манчестер, а британските медиуми тврдат дека Де Бруине е подготвен за настап уште од првата минута, иако Гвардиола најверојатно нема да ризикува со него како стартер, туку шанси ќе му даде во текот на второто полувреме.

Манчестер сити и без помошта на својот најдобар играч се наоѓа на врвот на табелата, со ист број бодови како и Челси и Ливерпул, а јасно дека Де Бруине ќе биде многу значаен адут на „граѓаните“ во битката за одбрана на титулата во Премиер-лигата.

Се вчитува...