Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин де Бруинe верува дека неговиот тим е награден заради имањето на трпеливост на првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен. „Граѓаните“ славеа со 2-1 во Париз.
Тимот на Пеп Гвардиола успеа да направи целосен пресврт и да дојде до голема победа. „Светците“ поведоа со голот на Маркињос во 15. минута, но англискиот клуб дојде до победа благодарение на головите на Кевин де Бруине во 64.минута и Ријад Марез во 71.минута.
„Во првото полувреме брзавме, се обидувавме брзо да нападнеме, и тоа не е наш стил. Во вториот дел од играта се обидовме да најдеме повеќе простор, да бидеме по трпеливи. Игравме против тежок ривал. Но, ние покажавме дека напредувавме како тим“, рече Де Бруине.
Белгиецот успеа да постигне гол откако тој испрати центаршут од левата страна, никој не ја допре топката на патот кон голот, па на крајот го измами Навас.
„Тешко е за голманот затоа што очекува некој да ја допре топката“, заклучи Кевин.
Вториот гол за „граѓаните“ го постигна Ријад Марез од слободен удар.
„Ме праша дали може да шутира, јас му реков дека може ако верува во себе. Тој постигна гол. Кој сум јас да кажам нешто? Верувам во сите мои соиграчи“, заклучи Де Бруине.
Only halfway! pic.twitter.com/6DYu1mWmvL
— Kevin De Bruyne (@DeBruyneKev) April 28, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА