Манчестер сити ќе ја заврши сезоната без трофеј, а ќе биде испратен и капитенот на тимот, Кевин де Брујне, кој се уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата.
Веќе е познато дека белгискиот фудбалер ќе го напушти Сити и ќе започне ново поглавје во кариерата, но се уште не се знае каде ќе биде тоа. Интерес покажуваат Чикаго Фајр и Наполи, но не се незаинтересирани ниту клубовите од Англија.
Де Брујне зборуваше и за потенцијалното останување на Островот по поразот во финалето на ФА Купот од Кристал Палас.
„Дали ќе останам во Англија зависи од тоа какви понуди ќе добијам… Имам семејство, деца, морам да донесам одлука која им одговара на сите. Одлуката е сложена“, изјави Де Брујне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА