Де Брујне: Лигата на нации немаат поента, тоа е турнир на обични пријателски натпревари

Кевин де Брујне целосно искрено проговори за турнирот на Лигата нации, па откри дека не е премногу воодушевен од јунските обврски во националниот тим, потенцирајќи дека ваквиот проект не носи посебна мотивација за фудбалерите.

Белгија мора да одигра четири натпревари, кои доаѓаат многу брзо по крајот на клупските обврски за играчите, а ѕвездата на Манчестер Сити искрено кажал што мисли за ова натпреварување.

„Во моите очи, Лигата на нации не е важно натпреварување. Треба да ги одиграме натпреварите, но според мене тоа се пријателски средби по долгата и тешка сезона. Во текот на годината имаме три недели одмор, луѓето однадвор тешко може да знаат како се чувствуваме по крајот на сезона. Но, што и да кажам нема поента, бидејќи нема да промени ништо. Не знам зошто им се придава толку значење на овие дуели и воопшто не ги чекам со нетрпение“, изјавил Де Брујне.

Белгија за противници во својата група ги има Полска, Велс и Холандија.

Се вчитува...