Де Брујне удри по Конте: „Драго ми е што заминува, го упропасти Наполи“

Белгиецот Кевин де Брујне изјави дека е добро за него што Антонио Конте повеќе не е тренер на Наполи.

Де Брујне не ги оправда очекувањата во својата прва сезона во Наполи, ниту е задоволен од тоа како сè помина. Одигра само 21 натпревар во сите натпреварувања, постигна пет гола и имаше четири асистенции. Скромни бројки за неговите стандарди.

Тој верува дека тренерот Конте во заминување е одговорен што неговиот ефект е таков каков што е.

„Дали сум среќен што си заминува? Да, ако мене ме прашувате, не требаше да остане. Оваа година сфатив колку ми е важен типот на фудбал што го игра тимот. Исто така, мора да биде забавно, а тоа малку ми недостигаше. Минатата година беа дадени одредени ветувања во однос на стилот на игра, но тие не беа исполнети, а тоа е вистинска штета затоа што го уништи Наполи“, изјави Де Брујне за медиумите во Белгија.

Не е сигурно дали ќе остане во Наполи.

„Сè уште имам уште една година од договорот, но најпрво сакам да разговарам со раководството. Многу ќе зависи од тоа каква стратегија планираат за следната сезона.“

Потоа објасни кога имало недоразбирање во комуникацијата со Конте.

„На почетокот, па дури и кога се вратив од повреда, бев на добро ниво. Очигледно, ми беше тешко бидејќи тренерот има многу поинаква визија за фудбалот од мене. Никогаш не играв на мојата позиција цела сезона. Игравме многу дефанзивно, со многу низок центар на гравитација. На пример, нашиот најдобар стрелец постигна само 10 гола, па бројките зборуваат сами за себе…“ – вели Де Брујне.

Се вчитува...