Де Бур го сака сонародникот Силесен во Кристал Палас

Новиот менаџер на Кристал Палас, Франк де Бур, сака да ја засили конкуренцијата на голманската позиција, а погледите ги насочува кон „Камп Ноу“. Тој ќе испрати понуда за својот сонародник Јаспер Силесен, кој е во сенка на Тер Штеген и важи за резервен голман на каталонскиот гигант.

Де Бур му нуди поголема плата, но и стандардно место меѓу диреците, како и предизвик да се испроба во Премиер – лигата. Сепак, тешко е за очекување дека Силесен ќе ја прифати оваа понуда и ќе ја напушти Барселона за да потпише за Кристал Палас. Холанѓанецот минатото лето дојде од Ајакс како замена за Клаудио Браво, за сума од 16 милиони евра.

Се вчитува...