Де Фрај: Лацио, време е да се разделиме

Одбранбениот фудбалер на Лацио, Стефан де Фрај, не успеа да се договори со раководството околу потпишување на нов договор и на крајот од сезоната ќе го напушти клубот. На Холанѓанецот, кој дојде на „Олимпико“ во 2014 година, му е понуден нов едногодишен договор со плата од 2,5 милиони евра по сезона, но, тоа сепак не е доволно за Лацио да го задржи во неговите редови. Тој има понуда од Интер за петгодишен договор и плата од 4 милиони евра по сезона.

„Ја разбирам фрустрацијата на „лацијалите“ и ова е навистина грозен начин да се заврши соработката. Бев многу срежен овде и секогаш се чувствував како дома, но време е да излезам од комфорната зона и да ги достигнам посакуваните цели. Секогаш ќе му бидам благодарен на Лацио и на навивачите на клубот, но дојде времето за разделба“, изјави Стефан де Фрај.

Се вчитува...