Де Хеа добива нов договор со 200.000 фунти неделна плата

Давид де Хеа на почетокот од летово повторно беше поврзуван со Реал Мадрид, но откако им стана јасно дека немаат шанси да се договорат со Манчестер јунајтед „кралевите“ се свртеа кон Тибо Куртоа. Челниците на Јунајтед се подготвени да го наградат Шпанецот за покажаната лојалност, па се очекува тој во најскоро време да потпише нов петгодишен договор со „црвените ѓаволи“, за плата од огромни 200.000 фунти неделно.

„Тој е играч на Манчестер јунајтед и ќе остане уште долго, многу брзо ќе биде потпишан и новиот договор. Давид е среќен овде, ние сме среќни што го имаме. Тој сака да остане, ние сакаме да остане, така што е јасно дека никогаш немаше никаква шанса Де Хеа да си замине. Некогаш луѓето забораваат дека голманот носи многу бодови и освојува титули, но ние сме пресреќни што го имаме Де Хеа кај нас“ – изјави Мурињо.

Се вчитува...