Давид де Хеа со одличните интервенции продолжи да покажува дека е еден од најдобрите фудбалери во светот. Шпанецот веќе девет години е дел од Манчестер Јунајтед. Де Хеа на мечот против Кристал Палас успеа на 112. натпревар во Премиер-лигата да ја зачува мрежата и на тој начин да се изедначи со рекордот на славниот дански голман Питер Шмајхел, кој исто така беше дел од „црвените-ѓаволи“.
Бидејќи до крајот на сезоната во Англија остануваат уште два натпревари, Де Хеа има реална шанса веќе сезонава да постави нов рекорд. Тој за клубот од „Олд Трафорд“ забележа 311 настапи, додека Шмајхел го бранеше голот на Јунајтед 252 натпревари. Зад нив двајца се наоѓа уште еден поранешен голман на Манчестер, Едвин ван дер Сар кој 90 пати ја сочува мрежата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА