Шпанскиот голман Давид де Хеа се уште е без клуб откако ова лето му заврши договорот со Манчестер Јунајтед. Но, статусот на искусниот чувар на мрежата може наскоро да се промени откако интерес за негов ангажман изрази Реал Бетис.
Шпанскиот прволигаш во репрезентативецот на „црвената фурија“ гледа лидер кој може да помогне не само на теренот, туку и во соблекувалната и е подготвен да му даде гарантирано место во првите единаесетмина, пренесуаат шпанските медиуми.
Де Хеа едно време го имаше епитетот на најдобар голман на светот. Шпанецот 10 години беше незаменлив во Манчестер Јунајтед, но падот на формата проследен со киксеви и несигурни интервенции му го одзема местото во редовите на „црвените ѓаволи“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА