Де Кетеларе ја „реши“ Рома, Аталанта блиску до место во Лигата на Шампионите

Аталанта ја доби пресметката со Рома за место кое води во Лигата на Шампионите престојната есен со триумф на домашен терен од 2-1 во 36. коло од Серија А.

Со два брзи голови на Де Кетеларе во 18. и 20. минута Аталанта ја шокираше Рома, а предност од 2-0 домаќините ја задржаа до 66. минута кога од белата точка Пелегрини намали на 2-1.

Аталанта е изедначена со Рома со по 60 освоени бодови на петтото место на табелата, но има и натпревар помалку во однос на „волчицата“.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...