Де Коло речиси перфектен против Олимпијакос

Нандо де Коло беше во главна улога на дерби-натпреварот меѓу ЦСКА Москва и Олимпијакос што рускиот гигант го доби со 89-81, правејќи уште еден чекор кон осигурување на првото место на табелата во пресрет на Топ 8 фазата од елитното европско натпреварување.

Грчкиот состав немаше лек за извонредниот Де Коло, кој го заврши натпреварот со 25 поени и шут од поле 9/10, надополнети со пет скока и четири асистенции. ЦСКА водеше во поголемиот дел од мечот, во последната четвртина предноста најчесто беше двоцифрена, не дозволувајќи им на гостите од Атина ниту за момент да се понадеваат на успех.

Покрај Де Коло, во елемент беа и Хигинс со 14 и Родригез со 13 поени, додека прв стрелец на Олимпијакос беше Принтезис со 24 поени.

Химки направи огромен чекор напред кон место во четвртфиналето откако како гостин славеше над Анадолу Ефес со 73-85. Рускиот претставник имаше негатива од 29-18 по првиот период, но набрзина се консолидираше, направи пресврт и стигна до многу значаен триумф, пред се благодарение на Томас со 17 и Швед со 16 постигнати поени.

Се вчитува...